Незначителен пораст на трошоците за лична потрошувачка

Bez autora
Oct 07 2010

Индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во септември 2010 е зголемен за два отсто во однос на истиот месец лани. Ова денеска го објави Државниот завод за статистика, наведувајќи дека во споредба со август индексот на трошоците за живот се зголемил само 0,1 отсто. Најголемо поскапување на месечно ниво од 0,8 отсто е регистрирано кај Храна и безалкохолни пијалаци, по што следат групите Домување, вода, електрика, гас и други горива, кои поскапеле за 0,2, а Мебел, покуќнина и Останати стоки и услуги за 0,1 отсто. Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во следните групи: Образование за 9,5 отсто, Рекреација и култура за 2,5 отсто и Комуникации за 1,7 отсто. На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Алкохолни пијалаци, тутун, Облека и обувки, Здравје, Транспорт и Ресторани и хотели.

Незначителен пораст на трошоците за лична потрошувачкаНезначителен пораст на трошоците за лична потрошувачкаИндексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во септември 2010 е зголемен за два отсто во однос на истиот месец лани.

Ова денеска го објави Државниот завод за статистика, наведувајќи дека во споредба со август индексот на трошоците за живот се зголемил само 0,1 отсто

Најголемо поскапување на месечно ниво од 0,8 отсто е регистрирано кај Храна и безалкохолни пијалаци, по што следат групите Домување, вода, електрика, гас и други горива, кои поскапеле за 0,2, а Мебел, покуќнина и Останати стоки и услуги за 0,1 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во следните групи: Образование за 9,5 отсто, Рекреација и култура за 2,5 отсто и Комуникации за 1,7 отсто.

На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Алкохолни пијалаци, тутун, Облека и обувки, Здравје, Транспорт и Ресторани и хотели.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik